ММС

Објавено на: 02/9/21 1:00 PM

(ВИДЕО) Рафиња немаше милост кон Кејхил

Бразилецот е во сенка на сезонава одличниот Патрик Бамфорд, поливалентните бекови на Лидс кои во секоја прилика можат да постигнат погодок, Келвин Филипс. Но Рафиња сезонава за Биелса претставува можеби главната движечка сила во тимот кој по цели 17 години се врати помеѓу елитата.

Поранешниот фудбалер на Рен едноставно е несопирлив. Неговата брзина и честото менување на правецот со топката, како и пробивите најчесто по десната страна, им овозможуваат на соиграчите многу полесно да го пронајдат патот до мрежата на противничките голмани.

Натпреварот против Кристал Палас во рамките на 23-тото коло од Премиер Лигата, натпреварот кој го искачи Лидс на десеттата позиција на табелата, претставува школски пример за влијанието на Рафиња врз играта и тактичките замисли на Марсело Биелса.

Дриблингот над искусниот Гери Кејхил и „протнувањето“ на топката помеѓу нозе, со сигурност ќе се врти по шпиците некое време. Рафиња е освежување во Англија и по зборовите на најдобриот стрелец во екипата на Лидс, вистинско чудо е како изминатото лето некој од поголемите клубови не „загриза“ за него.

 

 

 

 

 

Фото:

teamtalk.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.