ММС

Објавено на: 02/9/21 1:27 PM

Лукаревска: Фирмите кои земале државна помош, а не исплатиле плати, ќе добијат кривични пријави

УЈП и Државниот инспекторат за труд почнувајќи од месец декември 2020 година започнаа со спроведување на координирани Контроли кај работодавачи кои користеле финансиска поддршка за исплата на плати согласно уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од коронавирусот заради исплата на платите за месеците април, мај, јуни 2020 година и законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од Ковид 19 за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес конференција.

-По направена анализиа на УЈП на даночни обврзници кои што имаат користено финансиска поддршка за исплата на плати, а немаат исплатено плати на вработените за месеците април, мај, јуни, октомври и ноември 2020 година и врз основа на добиени пријави од граѓани, направена е селекција на даночни обврзници за контрола по следните критериуми: износот на добиена финансиска поддршка, бројот на вработени, обврзници кои што немаат исплатено плата за повеќе од еден месец, обврзници за кои што се добиени пријави за неправилности во однос на исплата на плати, рече Лукаревска.

Лукаревска истакна дека во текот на месец декември 2020 година и јануари 2021 година, од страна на УЈП извршени се контроли кај 60 даночни обврзници, и тоа кај дејности за подготовка и служење на храна, изградба на згради, копнен транспорт и цевоводен транспорт, објекти за сместување, производствена дејност, трговија на мало, туристички агенции, градежништво и слично.

– Предмет на контролите е проверка на исполнетоста на условите за користење на финансиска помош кои што се пропишани во уредбата со законска сила за месеците април, мај и јуни 20202 година и законот за финансиска поддршка на работодавачите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.
Со извршените надворешни контроли кај 60 даночни обврзници е констатирано: кај 16 даночни обврзници е констатирано неисполнување на условот на добивање на финансиска поддршка во однос на намалување на приходите за одредени месеци за кои е користена и тоа: за април, мај и јуни пријавено е намалување на приходот од работењето во месеците за кои имаат добиено финансиска поддршка и е помала од 30 % од просечниот месечен приход за 2019 година што истите ги дисквалификува за користење на финансиска помош. Кај 7 даночни обврзници е констатирано намалување на бројот на вработени којшто е поголем од законски предвиденото во месеците кои што следат во месецот кога е одобрена финансиска помош. Еден даночен обврзик кај кој што е констатирано намалување на бројот на вработени веќе имал извршено враќање на добиената финасиска поддршка. Кај 2 даночни обврзници е констатирано неисполнување на условот во однос на намалување на приходот и намалување на вработените, рече Лукаревска.

Меѓу другото таа истакна дека работодавачот кој користел финансиска поддршка за месеците април, мај, јуни и октомври, ноември и демекври 2020 година има обврска согласно законот, да ги врати добиените средства во целост, заедно со камата, доколку по извршена контрола од страна на УЈП се утврди дека работодавачот не ги исполнил условите за користење на финансиска поддршка. За работодавачот кој дал изјава за исполнување на условите за користење на финансиска поддршка, а не ги исполнил условите, ќе се применуваат одредбите од кривичниот законик.

Директорката на Државен инспекторат за труд, Јована Тренчевска изјави дека во месеците декември 2020 и јануари 2021 Државниот инспекторат за труд спровел координирани надзори кај работодавачи корисници на државна финансиска помош за април, мај, јуни, октомври и ноември 2020. Биле спроведени во 10 текстилни фабрики.

-Државниот инспекторат за труд изврши вкупно 74 надзори, предмет беше да се утврди дали работодавачите им иплатиле плата и придонеси од плата на работниците, и дали исплатената плата е во износ од утврдената минимална плата. При 74 инспекциски надзори утврдени се 41 неправилности, донесени 41 решение со опомена да ги отстранат утврдените неправилности. Непрвилностите се однесуваат на неисплатена плата и придонеси од плата во рокот, по истек на 15 денам, како и доплата на плата до износот на минималната.

По донесените решенија изврши 17 контролни инспекциски надзори и ги отстраниле неправилностите. 10 работодавачи постапиле по донесените решенија, 6 не постапиле по решението, за што е изречена инспекциска мерка решение со наредба, кај 1 кој не постапил по решениет изречена е глоба и издаден е прекршочен платен налог. Сеуште има работодавачи кои не и почитуваат законите и ги кршат работничките права, истакна Тренчевска.