ММС

Објавено на: 02/9/21 11:38 AM

Трансформација за која сите зборуваат: Актерката имаше повеќе од 100 килограми, а сега изгледа непрепознатливо

Актерката Ребел Вилстон, ѕвезда во многубројни комедии годината која измина ќе ја памети како „година на здравјето“. Во моментот кога цел свет се посвети на борбата против пандемијата, комичарката сфатила дека има повеќе од 100 килограми и одлучила да ги пресече нездравите навики.

Ребел (40) во текот на 2020. симнала многу килограми и потполно се трансформирала. Во едно интервју рекла дека сега и луѓето поинаку ја третираат.

Погледнете како изгледала пред неколку месеци.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

„Кога си покрупен, некогаш не те ни погледнуваат два пати кога поминуваат покрај тебе. А одеднаш сега луѓето се нудат да ми ја придржат вратата, да ја однесат кесата до автомобилот… Навистина се запрашав, дали ова им се случува на сите секојдневно“, рекла таа.

Ребел рекла дека научила да практикува „свесна“ исхрана, односно размислување за секој оброк. Порано внесувала и по 3.000 калории дневно.

„Тоа во главно беа јаглехидрати, бидејќи ги сакам, но бидејќи беа јаглехидрати, секогаш бев уште гладна. Мојот начин да се изборам со стресот беше да јадам крофни“, рекла таа.

Актерката кажала дека сакала да замрзне јајце клетки за да може да стане мајка, па поради се „погледнала во огледало и одлучила да живее здраво“. Меѓутоа, изгледа дека тој план уште малку ќе почека бидејќи изминатиот викенд објавила дека ја раскинала долгата врска со Џејкоб Буш.

Ребел повеќе не јаде шеќери и брза храна, а како изгледа после трансформацијата, погледнете ги фотографиите.

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.