ММС

Објавено на: 02/9/21 10:06 AM

Во Србија денес пристигнаа нови 50.000 дози од руската вакцина „Спутник 5“

Утрово во Србија пристигнаа нови 50.000 дози од руската вакција „Спутник 5“, кои веднаш биле транспортирани до Институтот „Торлак“, од каде ќе бидат дистрибуирани до центрите за вакцинација ширум земјата, пренесува српски „Данас“.

Во моментите кога и самата Русија се соочува со потешкотии поврзани со дистрибуцијата на вакцината на своја територија, пристигнува дополнителна помош за Србија и тоа според министерот без ресор задолжен за иновација и технолошки развој, Ненад Поповиќ, претставува доказ за цврстите односи помеѓу овие две пријателски држави.

-Вакцината денес е повредна од златно Тие се важни за заштита на здравјето и животите на луѓето, но важни се и за економијата и враќање на животот во нормала, истакна Поповиќ.

Србија е лидер во Европа по бројот на вакцинирани граѓани на 100 жители.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.