ММС

Објавено на: 02/9/21 10:23 AM

Криминалци заработуваат на пандемијата: Колку чинат лажни негативни тестови и колкави се казните

Тестови за корона и потврди за вакцинација се продаваат и преку интернет или преку мобилни апликации, предупредува Европол.

Ако сакате да патувате или да посетите некоја земја, ви треба Ковид-тест. Но, немате време за тоа, а мислите и дека таков текст не ви треба, бидејќи пандемијата трае речиси една година, а Вие Ковид немате добиено. Имаме решение за Вас. Платете од 40-50 евра или пак 100 фунти, и ќе добиете негативен Ковид-тест и ќе може да патувате каде ќе посакате.

Вака некако би звучела реклама за лажни Ковид тестови, кога криминалците јавно би ги објавувале. Но и без јавен оглас, се покажало дека организираниот криминал лесно е прилагодлив и на најновите светски случувања. Пречка во нивната „работа“ не е ни пандемијата Ковид, на која брзо и лесно се прилагодија, па почнаа со тргување со лажни лекови и заштитна опрема. А сега, како што предупредува Европол, на ред дојдоа и лажни тестови за Ковид.

Франција: 5 години затвор

Европол предупредува дека во дел од Европа на аеродромите, станиците и преку интернет, поединци и криминални групи продаваат лажни Ковид тестови, односно сертификати дека сте вакцинирани, кои се така добро направени што изгледаат како вистински.

Приказната се разоткрила откако повеќе земји од ЕУ пријавија такви појави, па еден шпански лекар во тамошната полиција пријавил дека кружат тестови од една медицинска лабораторија, кои, како што рекол, се лажни, но навистина уверливи. Француската полиција пак фатила седум лица откако на аеродромот „Шарл де гол“ во Париз, еден патник при контрола покажал Ковид тест за кој се покажало дека е лажен.

Истражувајќи го тој случај, француската полиција уапсила седум лица кои на тој аеродром продавале лажни тестови, а цената на таквите тестови се движи и до 300 евра.

Според францускиот закон, на лицата кои продавале лажни тестови им се заканува затворска казна до пет години, и парична казна до 375.000 евра. Лица кои продавале лажни Ковид тестови уапсени се и на аеродромот во Лутон во Велика Британија, а овде цената на таквите тестови била 100 фунти. Освен на рака, вакви тестови се продаваат и преку интернет, па Европол предупредува дека постојат и мобилни апликации кои таквите тестови ги продаваат за 40 до 50 евра, што е доста пониско од 150 евра колку што вистинскиот тест чини во европските земји.

 

Нема биометриска заштита

Од Европол предупредуваат дека ваквиот вид на криминал ќе опстојува се додека се на сила рестрикциите во патувањата, а велат дека и лажните тестови односно потврдите за вакцинација се релативно лесни да се направат со оглед на тоа дека денес на сите им се широко достапни високо квалитетни принтери.

Документите може лесно да се фалсификуваат со помош на разни софтвери, а се е полесно со оглед на тоа што Ковид тестовите или Ковид пасошите немаат биометриска заштита, како што имаат обичните пасоши, кои многу тешко може да фалсификуваат. На тој вид на криминал освен Европол предупреди и Интерпол, кои во неколку наврати известуваат дека разни криминални групации продаваат лажни вакцини како оригинални и фалсификувана заштитна медицинска опрема и при тоа заработуваат милиони евра.

Извор: Vecernji.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.