ММС

Објавено на: 02/9/21 7:55 AM

Администрацијата на Бајден одлучи повторно да се приклучи на Советот за човекови права на ОН

Администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден, одлучи повторно да се приклучи на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Висок раководител од американскиот Стејт департмент изјави дека државниот секретар Ентони Блинкен денес ќе објави дека САД одлучиле да се приклучат како „набљудувач“ на Советот, со седиште во Женева.

„Знаеме дека најефективниот начин за подобрување на работата на Советот за човекови права на ОН е да се вклучиме во Советот на принципиелни односи“, рече раководителот од Стејт департментот.

Наведувајќи дека Советот има потенцијал да биде важен форум за оние што се борат против малтретирање и неправда низ целиот свет, официјалното лице од Стејт департментот истакна дека присуството на Соединетите Американски Држави во Советот ќе помогне да се достигне тој потенцијал.

Поранешниот претседател, Доналд Трамп, го напушти Советот за човекови права на Обединетите нации во 2018 година со образложение дека има предрасуди кон Израел.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.