ММС

Објавено на: 02/9/21 7:20 AM

Дебата „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?”

Невладината организација ЦИВИЛ денеска  организира панел дискусија на тема „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?”.

Учесници на панел дискусијата ќе бидат Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, Љупчо Зиков, главен и одговорен уредник на „Капитал” и Дехран Муратов, новинар и координатор во ЦИВИЛ. Панел дискусијата ќе ја води Зоран Иванов, новинар.

Во согласност со заштитните мерки за Ковид-19, панел дискусијата ќе биде без публика, а јавноста и медиумите ќе може да го проследат настанот во живо на Фејсбук страницата, како и на ЈуТуб каналот на ЦИВИЛ.

Панел дискусијата на ЦИВИЛ ќе се обиде да одговори на повеќе прашања и теми поврзани со пописот, соодветно на експертизата, односно искуството на учесниците на панел дискусијата. Прв говорник на настанот ќе биде Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика која е најрелевантна институција за спроведување на пописот. Тој ќе одговори на прашањето како ќе се спроведува пописот и кое е значењето на оваа статистичка операција. Останатите прашања и теми се однесуваат на значењето на пописот за економијата, стопанството и бизнис заедницата, како и за помалите етнички заедници во земјата. За жал, неизбежно е прашањето за мотивите од кои се политизира пописот.

Панел дискусијата ќе трае околу час и половина. За време на дискусијата, тимот на ЦИВИЛ ќе ги следи реакциите и прашањата на социјалните мрежи и дел од нив ќе ги пренесе до учесниците во дискусијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.