ММС

Објавено на: 02/9/21 7:16 AM

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час.

Ќе има има врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (и над 70 км/час). Во вечерните часови врнежите на повеќето места ќе престанат.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, особено во западните делови. Ќе дува засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северозападен. Значителна промена се очекува од петок, кога ќе продолжи да дува засилен северозападен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.