ММС

Објавено на: 02/8/21 11:48 PM

Земја во која короната „не постои“: Властите им забраниле на лекарите да зборуваат за ковид-19

Танзанија е една од ретките држави во кои на коронавирусот уште од почетокот на пандемијата не му се даваше големо значење. Властите одбиваа да воведат строги мерки со цел заштита од вирусот, но незадоволството во земјата поради тоа расте, заедно со смртните случаи кои ги припишуваат на „воспаление на белите дробови“.

Луѓето се свесни дека вирусот е присутен, дека има многу случаи на болни, па дури и на смртни случаи, но дека не е дозволено за тоа јавно да се информира.

Ковид-19 ги убива луѓето и гледаме мнгу случаи, но не смееме да разговараме на таа тема – изјавил лекар кој работи во една од државните болници, но барал да не биде именуван поради страв да не биде казнет.

Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули континуирано ја намалува сериозноста на вирусот, а тоа го правеше дури и кога соседните држави ги затвораа границите и прогласуваа полициски час. Земјата последен пат соопшти податоци во април ланската година.

 

Извор:  srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.