ММС

Објавено на: 02/8/21 11:06 PM

Николина едвај отвори, тропав по прозорот: По труењето се огласи пријател кој и’ помогнал на водителка и на ќерка и’

Во станот на четириесет и четиригодишната водителка, Николина Пишек во Загреб пукнала цевка од плинот кој обезбедува греење за целата зграда. Николина и нејзината шестгодишна ќерка Уна биле отруени со плинот, а што точно се случило, за медиумите раскажа пријател на Николина, кој тврди дека ги спасил неа и ќерка и’.

Ми се јави Видојде во 2.20. Рече дека на Николина и на Уна не им е добро, да одам да проверам што е. Ми рече дека Николина ја боли главата, дека не може да вози до болница и доколку треба, јас да ги однесам. Веднаш седнав во автомобилот и и’ се јавив, но не одговараше. Ниту мене, ниту му одговарала на Видоје – раскажа за српските медиуми пријател на семејството.

Дојдов пред станот и тропав по прозорот, а кучињата лаеја. По пет минути дојде Николина и и’ реков да го отвори прозорот. Ми  рече дека не и’ е добро. И’ реков да ја отвори вратата, влегов во станот, отворив се’ и го изгасив плинот. Веднаш се јавив на Итната медицинска помош, повикав полиција и луѓе за гасоводот. Ги однесов во болница со Уна, а потоа отидов до границата со Србија по Видоје – додава изворот за 24sata.hr.

Кога дојде екипата со детектор за јаглероден моноксид покажа дека доколку не сум отворел се’, тие би можеле да настрадаат. Николина имала 25 проценти јаглерод моноксид во себе, а Уна 15. Докторите рекоа дека на 25 проценти остануваат трајни последици за органите – додава пријателот.

Полицијата извести дека најверојатно дошло до труење со плин поради неисправност на плинскиот бојлер.

 

Извор:            blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.