ММС

Објавено на: 02/8/21 10:18 PM

Пијанистка за пример: Има 106 години и го подготвува својот шести албум

Колет Мејз почнала да свири пијано кога имала четири години, а во музиката успеала да ја пронајде топлината која и’ недостигала во строгото родителско воспитување. Денес таа има 106 години и се’ уште ужива во свирењето, па се подготвува да го издаде својот шести албум.

„Музиката е мојата храна, храна за духот и срцето“, изјавила за Ројтерс жената која е родена во 1914. година во семејство од средна класа, а нејзините родители одлучила таа да се школува дома.

Образованието го продолжила во Париз во музичкото училиште Ecole Normale de Musique, а потоа почнала кариера како наставник.

„Ако престанам да свирам, морам со нешто да си ја исполнам фантазијата, но мене ми треба нешто опипливо. Вие можеби не можете без колчи, а јас не можам без пијаното, моите прсти мора да го почувствуваат“,  вели Мејз, која наскоро ќе го издаде шестиот албум.

Тој веќе е снимен и требало да биде објавен лани во април, но поради пандемијата тоа се одложило. Нејзиниот син вели дека таа е во добра форма и свири без прекин.

Така ни порачува дека мора да имате страст за она што го работите, а истовремено да водите грижа за себе. Нејзината љубов кон животот и смислата за хумот им мамат насмевки на лицата на другите – додава нејзиниот син.

 

Фото: Facebook /   Colette Maze pianiste centenaire

Извор:    srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.