ММС

Објавено на: 02/8/21 8:50 PM

Девојче починало од силна возбуденост: Малата Лондон погледнала во татко и’, се насмевнала и се спуштила низ тобоган

Десетгодишната, Лондон Ајзенбајс долго чекала да порасне до 120 сантиметри, колку што минимум треба да има секој што сака да се спушти низ тобоганот во хелот и аквапарк  Zehnder’s Splash Village во Франкенмут, Мичиген.Чекајќи да се спушти низ тобоганот долг 83 метри, таа едвај ја контролирала својата возбуденост.

Додека со „брзина на светлината“ се движела низ тобоганот на четири нивоа, срцевиот ритам и’ се пореметил и доживеала срцев застој. Неколку секунди подоцна излегла надвор, но тогаш нејзиното срце престанало да чука. Талентираната гимнастичарка веднаш е пренесена во болница и приклучена е на апарати за одржување во живот. Сепак, девет дена подоцна малата Лондон починала. Таа е погребана на денот кога нејзиното училиште организирало танцување за татковци и ќерки, во фустанче кое самата го имала избрано неколку недели порано.

Нејзините родители всушност не знаеле дека таа пати од ретка болест на срцето, која може да биде смртоносна, вроден продолжен QT синдром кој предизвикува тешко пореметување на срцевиот ритам, а со тоа доведува до срцев застој.

Лондон погледнала во татко и’, ги кренала палците, се насмевнала и се спуштила низ тобоганот – раскажала нејзината мајка, Тина.

Од силната возбуда срцевиот ритам и се пореметил. Таа чекаше две години да се спушти низ најголемиот тобоганот и да го доживее она искуство за кое дури и возрасните велат дека е најстрашното во нивниот живот.

Тина сака да ги предупреди родителите да обрнат внимание на „скриените“ срцеви заболувања кај децата. Лекарите му соопштиле на семејството дека девојчето претрпело тешко оштетување на мозокот поради недостиг на кислород, кој пак, се случил кко поседица на срцевиот застој.

 

Извор:               blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.