ММС

Објавено на: 02/8/21 8:24 PM

Време: Утре променливо облачно со повремен дожд, вистинската зима се враќа од петок

Времето утре, според прогнозата на УХМР, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час. Минималните температури секаде ќе бидат над нулата, а максималната се очекува да досетигне до 16 степени.

В среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Значителна промена се очекува од петок, кога ќе дува засилен северозападен ветер, а температурите значително ќе опаднат. Поради продор на многу студена и влажна воздушна маса, во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.