ММС

Објавено на: 02/8/21 7:55 PM

Трагедија: Момче (29) од Велес скокнало од Железен мост

Дваесет и деветгодишно момче од Велес си го одзело животот фрлајќи се од Железен мост во близина на средното економско училиште во Велес, а настанот за ММС го потврди и портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Само што заврши увидот на местото на настанот. Се работи за самоубиство на 29-годишниот П.К. кој денес во 13.45 часот скокнал од Железен мост. Момчето паднало на земјата помеѓу игралиштето и реката Вардар, а најверојатно од силниот удар починало на лице место. Телото е предадено на обдукција и утре ќе имаме повеќе детали за случајот откако ќе се разговара со другарите и родителите. Од првичните сознанија се работи за мирен млад човек кој најверојатно од лични причини се решил на ваков потег – изјави Додевски.

Претходно на групите на социјалните мрежи се шпекулираше дека момчето објавило статус на својот профил на Фејсбук со кој наводно ја најавило својата намера да си го одзеде животот.

Од СВР Велес најавија повеќе детали во тек на утрешниот ден.

 

Орце Костов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.