ММС

Објавено на: 02/8/21 7:43 PM

Германија, Шведска и Полска протеруваат руски дипломати

Германија, Шведска и Полска денеска соопштија дека ќе протераат руски дипломати како одговор на сличните мерки кои ги воведе Русија на 5. февруари поради аферата со затворениот руски опозиционер, Алексеј Навални. Варшава, Берлин и Стокхолм ќе протераат по еден руски дипломат од своите земји – соопштија истовремено владите на сите три држави.

„Мерката е одговор на одлуката што на 5. февруари ја донесе Русија за протерување на германски дипломат кој само сакаше по легален пат да дознае за еволуцијата на ситуацијата на терен“, соопшти германското МНР.

Шведската влада пак, го известила рускиот амбасадор дека некој од амбасадата ќе мора да ја напушти земјата. – Тоа е јасен одговор на неприфатливата одлука за протерувањето на шведскиот дипломат кој само си ја извршувал својата должност – наведе на Твитер шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде.

Полското МНР соопшти дека во координација со Германија и Шведска одлучено е еден руски дипломат да биде прогласен за непосакувана личност (персона нон грата).

Руските власти неодамна одлучија да протераат европски дипломати, бидејќи како што соопштија, учествувале на протестите во знак на поддршка на Навални.

 

Фото:  Wikipedia

Извор: danas.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.