Премирот, Зоран Заев на денешната онлајн дебата со Атланскиот совет на тема „Северна Македонија на прагот од Европа” изрази надеж дека следната недела земјава ќе добие вакцини против ковид-19 од „Фајзер”, а потоа и од другите производители.
Прашан околу набавката на вакцини против ковид- 9 во Северна Македонија, Заев истакна дека земјава меѓу првите се вклучила во КОВАКС механизмот за набавка на вакцини, но, како што истакна секаде е истиот проблем – нема доволни количества на вакцини и затоа доцни испораката.
– Јас се надевам дека следната недела ќе имаме од вакцините на „Фајзер”, а понатаму и од другите вакцини, потенцираше премиерот.
Тој посочи дека бројките со инфицириани со коронавирусот во земјава се стабилни и оти има над 60 отсто слободни места во болниците за лекување од ковид-19.
Околу набавката на вакцини од Кина и Русија, Заев истакна дека вакцинацијата не е некаква геостаратешка определба и секој може да се обиде да нарача од секаде.
Фото: vlada.mk
МИА