ММС

Објавено на: 02/8/21 7:08 PM

Кривична пријава за примање поткуп за полициски службеници

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници Д.Д. (24) и Е.С. (29) од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп” по член 357 став 1 од КЗ на РСМ.

Полициските службеници за да не извршат службено дејствие кое морале да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог на возач кој сторил сообраќаен прекршок, побарале и примиле поткуп во материјални добра, кои што по пријавувањето на случајот се пронајдени кај полициските службеници и вратени на сопственикот.

Против полициските службеници до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава и тие се суспендирани од своите работни места до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.