ММС

Објавено на: 02/8/21 6:28 PM

Без него не почнува состанок: Мачор веќе 12 години работи во општина!

Мачорот Кипиш веќе 12 години шета низ ходниците на градската управа во руски Невиномиск.

Не само што шета низ сите канцеларии и на сите им е миленик, туку е и редовен гостин на состаноци, изложби… Сега Кипиш има и официјална Инстаграм-страница, на која пишува: „Се викам Кипиш и најстар вработен сум во градската управа. Имам 12 години општинско искуство“.

Една од главните должности на мачорот е да се појави заедно со градоначалникот на Новиномиск, Михаил Миненков, на утринскиот состанок со раководителот на Ставрополската област во Русија.

Како што велат неговите „колеги“, вработените во локалната самоуправа, мачорот не бира што ќе јаде. Сакал и храна за мачки, но и она што ќе му донесат – риба, пилешко и слично, пренесува „Курир“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.