ММС

Објавено на: 02/8/21 6:21 PM

Холандија забрани мавање со снежни топки, освен меѓу членови на исто семејство

 

Холандската влада во саботата донесе нова, зимска уредба со која се дозволува мавање со снежни топки само помеѓу членови на исто семејство. Ваквиот чекор следуваше откако деновиве на социјалните мрежи осамнала видео-снимка на која се гледа како на плоштад неколкумина полицајци и група минувачи се забавуваат, „тепајќи“ се со снежни топки.

Многумина на социјалните мрежи се пошегуваа и ја одобрија снежната битка, но од холандската влада порачаа дека токму полицијата треба да даде пример за тоа како се почитуваат епидемиолошките мерки воведени со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот..


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.