Нов контигент од 50 илјади дози од руската вакцина Sputnik V треба да пристигне во Србија во текот на денешниот или утрешниот ден. Убеден сум дека се’ ќе оди според својот тек – потврдува за Танјуг, амбасадорот на Русија во Белград, Александар Боцан Харченко. Тој потсетува дека испораката на вакцините биле клучна тема во телефонскиот разговор на претседателите на двете земји, Владимир Путин и Александар Вучиќ пред неколку дена додавајќи дека постојат сите предуслови за производство на руската вакцина против коронавирусот во Србија. Амбасадорот го потврди и најавеното доаѓање на руски експерти во Србија в четврток на 11 феввруари.
Тој истакнува дека Русија не сака од производството на вакцините да прави „глобално наметнување“ туку дека целта е заедничките меѓународни напори на тоа поле да бидат што поефикасни.
Амбасадорот нагласува дека доаѓање на тимот руски експерти кои во Србија ќе престојуваат неколку дена за да ги утврдат условите за производство на Sputnik V на „Торлак“, ќе биде чекор напред во соработката на Русија и Србија во областа на вакцинацијата како одговор на пандемијата со коронавирусот.
Фото: Facebook / Sputnik V
Извор: telegraf.rs