ММС

Објавено на: 02/8/21 5:44 PM

Новиот сој зарази и вакцинирани: Штитеници на старечки дом во Италија позитивни на корона

Во старечки дом во провинцијата Модена откриено е дека 21 лице се заразиле со новиот сој на коронавирусот и тоа по вакцинацијата на целиот персонал и на штитениците во оваа установа. Имено, тие биле вакцинирани на 11 јануари, а вториот круг на имунизацијата следувал на 1. февруари, по што некои од лицата почнале да пројавуваат симптоми на ковид-19. Три дена по примањето на втората доза извршено е тестирање, кое покажало дека една третина од штитениците на домот се позитивни на коронавирусот.

Што всушност се случило, деновиве дискутираат експертите, бидејќи се работи за лица кои ја примиле вакцината на Фајзер. Тие биле во контакт со вирусот кратко пред да се реализира вториот круг вакцинирање, односно некој ден пред ревакцинацијата.

Лекарите преупредуваат на внимателност меѓу двете вакцинирања. Апелираат дека седум дена по ревакцинацијата е потребно строго придржување кон заштитните мерки бидејќи имунитетот не се создава веднаш по вакцинирањето. Ваквото предупредување во Италија е повеќе од значајно бидејќи во повеќе региони е евидентиран новиот сон на коронавирусот кој првпат за првпат беше регистриран во Белика Британија.

Во Италија исто така, почнува кампања за вакцинацијата, а земјата цели кон тоа да се достигне број од 250 илјади вакцинирани во еден ден. Сепак, евидентно е дека во Италија барем засега нема доволно вакцини за еден таков масовен подвиг, кој подразбира и посебна организација, која досега државата не успеа да ја реализира.

 

Извор:  novosti.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.