ММС

Објавено на: 02/8/21 4:11 PM

Загинаа најмалку 24 работници: Поплава во нелегална текстилна фабрика во Мароко

Најмалку 24 работници во нелегална фабрика за текстил загинаа кога дошло до поплава во подрум во зграда во мароканскиот град Тангер. Според првичните информаии, спасени се само десет луѓе.

Засега не е познато колку луѓе биле во нелегалната фабрика во моментот кого дошло до поплавата, пренесува „Ројтерс“.

Спасувачката акција се’ уште е во тек, како и истрагата за околностите што доведоа до инцидентот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.