ММС

Објавено на: 02/8/21 4:02 PM

(ВИДЕО) На 193 пријави палење огнови на отворено

193 е телефонскиот број на кој граѓаните на Град Скопје може да пријавуваат во секое време случаи на палење огнови.

„И оваа година одговорно пристапуваме кон заштита на животната средина и справување со дивите депонии, како и палење огнови на отворено. Најчесто во Скопје се горат пластика, гума, неквалитетни дрва и многу други токсични материјали кои нанесуваат штета на целата околина“, информираат од Град Скопје, токму затоа ги повикуваат граѓаните на Скопје со здружени сили да се спречат ваквите појави, а со тоа и да се намали загадувањето на амбиенталниот воздух.

Видео преземено од: Фејсбук на Град Скопје


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.