ММС

Објавено на: 02/8/21 3:02 PM

Хрватска: Стигнаа вакцините на Модерна и АстраЗенека

Од денес започнува дистрибуцијата на 25.200 дози на вакцините на Модерна и АстраЗенека со кои ќе се вакцинираат загрозените категории на населението, а политичките претставници на дел од хрватските пензионери ја сметаат вакцината на АстраЗенека за спорна и неефективна, јавува Анадолија (АА).

Првите дози од вкупно 25.200 пристигнати во Република Хрватска денес ќе бидат испратени за Далмација и Славонија, со цел вакцинирање на најризичните категории на населението.

Хрватската партија на пензионерите (ХСУ) бара со вакцините на АстраЗенека да не се вакцинираат лицата постари од 65 години, при што истакнуваат дека Европската агенција за лекови (EMA) одобрила употреба на Оксфорд/АстраЗенека вакцината со низа оградувања за нејзината ефективност, посебно за постарата популација на населението.

„Така значителен број влади од европските држави донесоа одлука дека нема да ја вакцинираат повозрасната и пензионерската популација со вакцината на АстраЗенека. Секако дека кај донесувањето на таквите одлуки земјите од ЕУ се раководеле со фактот дека АстраЗенека во текот на клиничките испитувања на својата вакцина на примерок од 24.000 лица помеѓу 18 и 55 години утврди успешност на ниво од 60 отсто“, соопштено е од ХСУ.

Хрватскиот завод за јавно здравство порачува дека не е рационално да се одбива оваа вакцина која, како што наведуваат, по втората доза развива имунитет на коронавирусот со 82 проценти ефективност.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.