ММС

Објавено на: 02/8/21 2:59 PM

Кина ja уапси австралиската новинарка, се товари за шпионажа

Властите на Кина и официјално ја уапсија австралиската новинарка Ченг Леи која претходните шест месеци ги помина во домашен притвор поради сомнеж дека откривала државни тајни на субјекти во странство, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Ченг е со потекло од Кина, а министерката за надворешни работи на Австралија, Марис Пејн соопшти дека Ченг е уапсена на 5 февруари.

Ченг е новинарка на кинескиот државен телевизиски канал CGTN кој емитува програма на англиски јазик, а од 13 август минатата година е под строг надзор на локализацијата на живеење.

„Владата на Австралија изразува длабока загриженост за здравствената состојба и условите во кои престојува. Очекуваме да се почитуваат правните норми и да се исполнат стандардите на условите во кои престојува уапсената“, порача шефицата на австралиската дипломатија Пејн.

Ченг е родена во 1975 година во кинескиот град Јуејанг и како десетгодишно девојче со родителите се преселила во Мелбурн. Новинарската кариера ја започнала во 2001 година на телевизијата CCTV, а потоа преминала на CGTN.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.