ММС

Објавено на: 02/8/21 2:17 PM

Toм Брејди по седми пат го освои Супер Бол и докажа дека е најголемиот што некогаш ја играл играта

Тампа Беј Баканирс се „коцкаа“, им дадоа договори на ветераните Брејди, Браун и Гронковски, потрошувајќи многу пари на Том Брејди, ама на крајот се исплатее/

Во финалето тимот на Тампа Беј успеа потполно да го надигра Канзас (31:9), чија одбрана беше навистина лоша, а офанзивната линија не успеа во ниту еден момент да го заштити Патрик Махоумс и да му даде време да подготви добар пас. На крајот Брејди покажа зошто е најголемиот што некогаш ја играл играта, освојувајќи го седмиот Супер Бол во кариерата.

И тоа на 43 години и после одлуката да ги напушти Њу Ингланд Петриотс и Бил Беличик, да докаже дека може да брилијира и во друга средина. Дури и во тим кој од 2002 година не бил шампион.

Нападите лошо започнаа, но Канзас успеа да погоди за три поени и потоа…проработи ветеранскиот состав на Тампа. За додавањата беше задолжен Ентони Браун, а потоа со тачдаун пас финиширање Роб Гронковски.

Махоумс беше надвор од форма на овој дуел. Тампа дојде на само еден јард од end zone, a потоа реши да оди на реализација на четири дауни. Сепак на крајот беа сопрени на неколку инчи од линијата. Баканирс бараа и челенџ, неуспешно. Тоа не го разби ритамот на Тампа која продолжи со добра игра.

Канзас ја „фати“ топката на Том Брејди, но суден е прекршок и наместо напад за Канзас досуден е нов прв даун за Тампа. Нападот создаде прилика за шут за три поени и Рајан Сакоп тоа одлично го искористи. Арбитарот досуди фаул од одбраната и трите поени беа заменети со уште еден прв даун. По таквите грешки мораше да дојде казна и тоа голема Во првиот напад Гронковски беше сам во end zone и постигна тачдаун за 13:3.

На стартот на второто полувреме офанзивната линија на Канзас повторно не успеа да го заштити својот квотербек, но сепак Махоумс напредуваше доволно и му овозможи на Херисон Баткер погодок за три поени.

Чифси беа окончани кога Форнет со сјаен трк дојде до тачдаун за 28:9. Ниту во последната четвртина Чифси не креираа бариера околу нивниот најдобар поединец Махоумс и резултатот остана непроменет, додека Тампа го трошеше времето со многу трчање и добра одбрана.

А Брејди се прошета до уште една титула. Како и до потврдата дека е најдобар во историјата на американскиот фудбал.

 

 

 

 

  

 

Извор:

mondo.rs / sport

                                                                                                                                                                          Фото:

                                                                                                                                                                    skysports.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.