ММС

Објавено на: 02/8/21 1:23 PM

Партијата за Движење на Турците излезе од владеачката коалиција на СДСМ во Радовиш

Партијата за Движење на Турците информираше дека на локално ниво во општина Радовиш го напушта владечкото мнозинство па советникот Јашар Сулејман ќе дејствува надвор од советничката група на коалицијата предводена од СДСМ. Во соопштението не конкретизираа дали советникот Сулејман ќе се припои кон коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. Револтот доаѓа како што информираа од партијата заради деградирачкиот однос на општинските власти и како што велат од локалните шерифи кон турската заедница во општина Радовиш

„Турската заедница, како и сите други, има потреба од инфраструктура, и со години турските населени места беа заборавени. Како партија на власт која се води од концептот едно општество за сите нема да дозволиме локални структури да го срушат тој концепт. ТХП силно верува во вредностите на едно општество за сите и во изминатиот период јасно се спротивстави на политиките кои не го почитуваа истиот“, велат од партијата од каде велат дека ќе продолжат да дејствуваат за еднакви можности на сите граѓани

Реагираше кабинетот на градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов кој ги отфрли и демантира обвинувањата од партијата за движење на турците. Од таму велат дека турската заедница воопшто не е деградирана туку напротив во псоледниве години постојано се инвестира во овие места со цел  да добијат соодветни услови за живот

,, Веќе подолго време со цел да се наруши угледот на градоначалникот Герасим Конзулов се прават обиди да се создаде проблем таму каде што реално го нема. Употребата на лични навреди и недолични квалификации само ја потврдуваат намерата на определени лица по секоја цена да иницираат конфликт со градоначланикот. Градоначалникот останува посветен на решавањето на реалните проблеми кои ги засегаат сите граѓани и за тоа сведочат бројните проекти реализирани во градот и населените места,, стои во демантот од градоначалникот Конзулов кој ги повика меидумите и сите релевантни стурктури да ги посетат турските населени места за да се видат сите реализирани проекти

Останува нејасно како сега ќе дејствува советникот Сулејман дали ќе ја подржува коалицијата на СДСМ или ВМРО ДПМНЕ. Освен овие две коалиции кои имаат сооднос 8 7 советника партиципираат и тројца советници од назависни советнички листи

Ване Трајков


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.