ММС

Објавено на: 02/8/21 1:33 PM

(ФОТО): Од собирач на топки до еден од најдобрите млади играчи во светот, патешествието на Фил Фоден е неверојатно

Да, сега со чисто срце можеме да кажемe: Манчестер Сити е главниот фаворит за освојување на Премиер Лига оваа сезона.

„Граѓаните“ вчера го демолираа актуелниот првак Ливерпул на до скоро неосвоивата тврдина „Енфилд Роуд“ и демонстрираа неверојатна сила во дербито на 23-то коло во најдобрата светска лига.

Еден од најзаслужените за големата победа, воедно и еден од најистакнатите поединци на Сити на мечот, младиот Фил Фоден, еднаш асистираше (двапати, доколку гледаме низ призма на Fantasy Premier League) и еднаш на фантастичен начин го совлада чуварот на мрежата на домаќините, кој за волја на вистината го одигра веројатно најлошиот натпревар во својот живот.

Дваесетгодишниот Фоден на социјалната мрежа „Твитер“ веднаш по дуелот објави две фотографии со дескрипција „How it started“ и „How it’s going”. На првата се гледа малиот Фоден во улога на собирач на топки на „Етихад“ по постигнат гол на Стеван Јоветиќ. На втората, се гледа Фоден како го совладува Алисон Бекер и постигнува гол, гол ипол.

Патот до врвот е тежок, но петте минути поминати таму вредат за цел живот. Еве, прашајте го собирачот на топки.

 

 

 

 

Фото:

Twitter / @PhilFoden

skysports.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.