ММС

Објавено на: 02/8/21 1:21 PM

Лекар сам направил вакцина против корона: Ги вакцинирал семејството и доброволци – му се заканува кривична

Германскиот лекар Винфрид Штекер, кој сам направил вакцина против корнавирус и со неа го вакцинирал семејството и пријателите, доби кривична пријава.

Штекер, кој во Либек има мала клиничко-имунолошка лабораторија, развил корона вакцина.

Вакцината најпрво ја тестирал на себе, после што на 8-ми мај објавил дека е имун на коронавирус. Потоа ги вакцинирал своите деца и сопругата, како и 100-на доброволци.

После успешното тестирање на вакцината се обратил на претседателот на Пoл Ерлих институтот, институции надлежни за одобрување на вакцината.

Штекер на институтот им соопштил дека има делотворна вакцина со која би можела да се направи вакцинација и чекал на позитивен одговор.

Но, наместо одговор, Штекер добил повик од полиција со информација дека е против неговата покрената истражувачка постапка поради кршење на законот за лекови.

Адвокатот на Штекер побарал да се прекине истражната постапката и нагласил дека неговиот штитеник неговата вакцина ја давал во рамките на „индивидуални случаи на лечење“, за што не е потребно дозвола за производство. Покрај тоа навел дека сите доброволно ја примиле вакцината.

Штекер е убеден дека со неговата вакцина во рок од пола година можат да бидат вакцинирани три четвртини од населението во Германија.

Тој, како што рекол, на вакцината не сакал да заработи пари, туку му било важно пандемијата да се стави под контрола, па сакал својата формула да ја сподели со светот.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.