ММС

Објавено на: 02/8/21 12:48 PM

Љубовен хороскоп: Додека сите го чекаат 14.февруари, на овој знак некој сака да му ја уништи врската

Овен

Сатурн оваа недела поминува низ полето поврзано за вашата способност да примите љубов. Можеби минатата недела сте биле несигурни во тоа и тоа ве измачувало. Ова е недела кога тие проблеми ќе бидат решени. Во среда ќе дојде до пресврт, конечно ќе се извлечете од рутината која веќе некое време Ве прави несреќни. Доаѓаат подобри времиња за љубов, дочекајте ги со раширени раце.

Бик

Марс во вашиот знак ве прави неодоливи, но не дозволувајте да се пренесе премногу, бидејќи ќе се разочарате. Личноста која ви се допаѓа моментално е несигурна и можно е дополнително да се повлече ако види дека вие сте како магнет за сите луѓе околу вас. Вашата страст е одлична работа, но морате оваа недела да ја држите под контрола.. Петок е критичен ден, покрај се, викендот ќе биде одличен за љубов.

Близнаци

Оваа недела помеѓу вас и вашиот партнер ќе дојде до раздор, не доволувајте да ја загрози вашата врска. Партнерот или партнерката сака авантура, нови работи кои заедно ќе ги пробате, а за Вас е оваа недела време кога сакате да бидете сигурни во се, не да испробувате нешто ново. Обично сте љубопитни и весели, па тоа ќе биде своевидно изненадување. Бидете храбри, Близнаци, прифатете ги приликите кои ќе ја зацврстат вашата врска.

Рак

Најпрво да Ве потсетиме, оваа недела е Денот на вљубените. Тоа значи дека ќе морате да ги измените плановите кои ги направивте. Партнерот или личноста која Ви се допаѓа е поромантична од Вас, поради што имаат голема надеж во тој ден. Немојте да дозволите вашите планови со пријателите да го растурат крајот на неделата.

Лав

Амбициозни сте и полни со енергија оваа недела, но ја насочувате на работа, не на љубов. Ова може да и пречи на личноста со која сте во врска.Важно е да не бидете „недостапни“, да комуницирате иначе недоразбирањето може да доведе до големи проблеми. Не грижете се, овој чуден период ќе заврши веќе во сабота.

Девица

Оваа недела морате се да оставите на страна и да се позанимавате со љубовниот живот. Ако сте во врска, претходната недела партнерот Ви бил најголема поддршка и Ве опсипал со внимание и љубов. Сега е ред на Вас! Ако сте „singl“, добра прилика за романтика стигнува веќе во четврток, веќе знаете дека и се допаѓате на таа личност, но сте неодлучни. Дајте и шанса!

Вага

Вашиот љубовен и сексуален живот оваа недела не се во хармонија. Можно е да чувствувате голема љубов спрема партнерот, или привлечност спрема некоја личност ако не сте во врска, но вашето тело одбива да соработува. Физичката привлечност е важна за Вас, па ќе бидете навистина неодлучни што да правите. Ако е во прашање нова личност, знајте дека тука нема ништо повеќе од пријателство.Ако одеднаш не чувствувате привлечност спрема партнерот, не грижете се, вашите мисли се поигруваат, се е во ред.

Скорпија

Вашата склоност кон романтика оваа недела ќе исплива на површина, баш во пресрет на Денот на вљубените. Копнеете некој да ве изненади. Но партнерот или личноста со која Ви се допаѓа тоа воопшт не го приметува и не се однесува така. Не грижете се, сето ова е последица на погрешно толкувани комуникации. На Вас е да кажете што точно сакате и пред Вас е одлична недела за љубов и секс.

Стрелец

Меркур ви создава хаос во главата и важно е да му се спротивставите. „Заглавен“ е во вашето поле на комуникација и како се што зборувате да е погрешно рабрано.Ако чувствувате како да се вртите во круг, Меркур е крив – морате свесно да се извлечете од некоја чувствителна ситуација, посебно во среда и четврток, а да не дојде до расправии. Не донсувајте важни одлуки за љубовта оваа недела, само поминете ја додека Меркур не ве остави на мир. После Денов на вљубените се ќе биде подобро, но Вие и онака не се оптеретувате со такви празници, зарем не?

Јарец

Се чувствувате сексапилно повеќе од кога било до сега! За тоа е „виновен“ Марс и поточно во петок ќе зрачите од сексуална енергија. Ако сте во врска, тоа е одлична вест за вашиот партнер или партнерка, но ако не сте, бидете внимателни, на повидок е авантура со личност која не заслужува повеќе од авантура. Ако сте расположени, само напред, викенд полн со страст ќе ве опуши, или ако не сте, немојте да се вовлечете во тој однос.

Водолија

Венера е во вашиот знак и тоа ви дава дополнителна доза привлечност, ќе бидете неодоливи за сите во околината. Ако веќе долго се обидувате да привлечете нечие внимание, ѕвездите велат дека оваа недела е моментот, и тоа баш во петок. Ве оптеретуваат работи врзани со односите во семејството, но немојте да ги решавате оваа недела, посветете се на љубовта.

Риби

Веќе со недели чувате една тајна, и таа оваа недела ќе исплива на површина. Тоа е нешто што не сте го кажале на партнерот или чувство кое тајно го имнате кон некој во својата околина.Пред Денот на вљубените тоа мора да го средите. Внимавајте оваа недела од други луѓе, додека Вие се обидувате да бидете искрени, некој позади грб за Вас зборува нешто што никако не е точно и пробува да ви ја растури врската.

Извор: Mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.