ММС

Објавено на: 02/8/21 11:54 AM

(ВИДЕО) Каде е топката? Класата е вечна кај Милош Теодосиќ

Ако за некој кошаркар од екс-ју просторите може да се „залепи“ фразата формата е променлива, класата е вечна, тогаш дефинитивно тоа е Милош Теодосиќ.

Поранешниот играч на Лос Анџелес Клиперс, ЦСКА Москва и Олимпијакос, минатата година реши да се обиде во италијанската најдобра кошаркарска лига и да остави наследство во заспаниот гигант Виртус Болоња.

Магијата на Теодосиќ од натпревар во натпревар ја чувствуваат сите и останува жал за празните трибини поради пандемијата на коронавирусот, односно останува жал за сите тие фанови и љубители на играта оневозможени во живо и во реално време да посведочат на она што се нарекува „pure basketball“. На мечот против Реџио Емилија, Теодосиќ ја сокри топката, скоро и од очите на камерата.

Едно е сигурно. Опонентот не знае каде е. Сѐ уште.

 

 

 

 

Фото:

clipperholics.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.