ММС

Објавено на: 02/8/21 11:43 AM

Свети Валентин или Свети Трифун? Неколку идеи што да им подарите на саканите

Почнува љубовната треска, за неколку дена е 14 Февруари, ден кога се слави Свети Трифун кај православните, но и Свети Валентин кај католиците, додека индустријата го слави Денот на вљубените. Ако не знаете како настанал Денот на вљубените, кој е свети Трифун или немате идеја за подарок за саканата личност, продолжете да читате.

Денот на свети Валентин или Денот на вљубените се врзува за времето пред почетокот на христијанството. Иако денес претставува славење на љубовта – во тоа време вклучувало казнување и насилство.

За време на цар Калудио, во Рим живеел свештеник по име Валентин. За неговиот живот се поврзани многу легенди, според кои тој бил мачен и уапсен бидејќи им помагал на затворениците. Додека бил во затвор неговиот чувар во затворот го прекрстил во христијанин, а неговата ќерка ја излечил од слепило.

Наводно тој се заљубил во ќерката на својот чувар кој и праќал пораки со потпис „од твојот Валентин“.

Постои уште една легенда според која царот Клаудио им забранил на младите да се женат и имаат семејство бидејќи сакал од нив да направи војници, а да бидат што подобри во тоа – сметал дека не би требало да имаат жена и семејство. Меѓутоа, Валентин тајно ги венчал луѓето, поради што и бил уапсен.

Свети Валентин се слави на 14 февруари бидејќи се верува дека тогаш и починал, што според историските факти е малку веројатно, но сепак послужило како повод за настанувањето на овој празник.

Денот на вљубените или Свети Трифун?

Според верувањата на православната црква, 14. Февруари се слави Свети Трифун, заштитник на винарите и лозјето.

Тоа е денот на неговата смрт, кога е убиен како маченик.
Свети Трифун е роден во Фригија, а според легендата можел да исцелува од болести. Кога ќерката на царот Гордијан III душевно се заболела од „зли духови“, им рекле дека само Трифун може да ја излечи.

Биле доведени сите што се викаат Трифун во царството, еден од нив и помогнал. По доаѓањето на царот Трајан, бил измачуван за да се одрече од верата, и на крај бил посечен со меч.

Според народните обичаи, Трифун е заштитник и чувар на лозјето, па винариите го слават како свој патрон. На овој ден обичај е да се оди на лозје, да се кројат лозите и да се залеат со вино.

Според народните верувања, ако на 14. Февруари падне снег, годината ќе биде врнежлива и родна. Ако е ведро, годината ќе биде сушна.

За Денот на вљубените најмногу заработува ндустријата, која секоја година има се повеќе начини да изнуди од Вас пари. Сепак, ако Вие и вашиот партнер го одбележувате овој ден, а немате идеја што да подарите, еве неколку идеи.

Нејзиниот омилен парфем
Парфемот е личен печат на секој од нас, ако знаете кој и е омилен, имате полн погодок – внимание и убав подарок.

Маска за телефон
Сигурно знаете кој телефон вашата драга го има и игурно ќе се ја израдува маска за телефн, посебно ако е персонализирана.

Четки за шминкање
Жените сакаат шминка и тоа и не е некое изненадување. Ако Вие како маж не умеете да изберете нијанса на карминот или палетата за шминкање, тогаш четките се најсигурен избор.

Масажа или ден во спа центар
На секој од нас од време на време му треба одмор и опуштање. Ова ќе биде идеална прилика на своите дами да им подарите ден за уживање. Иако ова е предлог за подарок на дамите, секако дека ако сте дама, нема да погрешите ако на својот партнер му подарите масажа или спа, посебно ако тој ден го поминете заедно.

Миризливи свеќи
Сигурно знаете дека во есен и зима е посебно популарно палењето на свеќи. Миризлива свеќа може да биде убав подарок, посебно ако убаво изгледа и уште поубаво мириса.

Книга
Ако знаете дека вашата поубава половина сака да чита, книга е идеален избор. Девојките кои сакаат да читаат, обично често зборуваат за својот омилен писател или за омилените жанрови. Ако пак не знаете што сака, фрлете поглед на нејзината полица за книги и запаметете неколку наслови и побарајте помош од вработените во продавницата за книги.

Папучи и пижами
Ако едноставно сакате Вашата девојка и кај вас да има папучи и пижами, тоа е идеален подарок. Обратете внимание на тоа кој број носи. Пижамите изберете ги по свој вкус, но водете сметка и за нејзиниот избор на боја која ја сака.

Направете книга по своја љубовна приказна
Постојат неколку сајтови на интернет со помош на кои можете да креирате книга од ваши фотографии, пораки, текстови или нешто што сакате да напишете и да го сочувате на овој начин.

Вечера со омиленото вино
Вечерата не мора да биде премногу комплицирана, не морате цел ден да готвите, доволно е да покажете малку труд и да спремите нешто што и двајцата го сакате. Средете ја масата по свој избор, но вашата декорација нека биде поинаква од онаа која ја користите секојдневно.

Послужете го нејзиното омилено вино и уживајте.

Неколку идеи за купување подарок за мажите

Кутија слатки – Земете кутија, средете ја да изгледа онака како што сакате, купете ги сите слатки кои ваиот партнер ги обожава и наполнете ја кутијата. Ставете голема панделка и готово.

Слушалки– Ако Вашето момче тренира или игра игри, слушалки се подарокот со кој нема да погрешите

Неговиот омилен парфем – Ако знаете кој парфем го сака, земете го баш тој, ако не одберете некој по ваш вкус.

Торба за тренинг – Ако вашето момче е спортски тип, торба за тренинг е совршен поддарок. Дознајте кој е неговиот омилен бренд и купете му торба која ќе го воодушеви.

Звучник – Во последно време се многу актуелни блутут звучници. Момците секогаш повеќе се радуваат на практични работи.

Кутија за часовник – Ако знаете дека Вашето момче е љубител на часовници и ги има повеќе, убава идеја е наместо нов часовник, да купите кутија во која може да ги сочува сите часовници.

Дуксер или маица – Иако ова не е специјално креативен подарок, од овие работи никогаш не е доста.

Паричник – Ова може да биде навистина убав подарок, посебно ако знаете дека Вашиот партнер нема паричникот кој му одговара.

Реквизити за вежбање – Ако Вашето момче е спортски тип, но не оди често во теретана, идеален подарок може да биде реквизит за вежбање кој може да му послужи да вежба дома.

Опрема за автомобил – Ако вози, сигурно обожава и да го средува својот автомобил. Посетете некој од салоните за авто-козметика и купете му нешто што е неопходно за во автомобил, на пример, сајла за влечење, кабли за акумулатор или нов комплет за прва помош.

Извор: Beleske.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.