ММС

Објавено на: 02/10/21 1:12 PM

Заедно и во здравје и во болест – Најубавата љубовна приказна која сте ја прочитале

Бртитанците Филип (78) и Патриција (88) се венчале по 46 години врска во болницата во Англија на одделот каде 88 – годишната Патриција  моментално се лекува од Ковид 19.

Венчавањето се одржало откако вработената  во болницата Јоана Шакспаер на Твитер побарала помош за матичар, а заедно со останатите болнички лица присуствувала на церемонијата и била една од сведоците.

Една од пациентките за Гардијан рекла дека парот планирал да го изговори судбоносното „ДА“ по завршувањето на пандмијата, но плановите се смениле поради влошувањето на состојбата на Патриција.

– Можеби не се направи вечавка како што си замислуваа, но нашите луѓе многу се потрудија церемонијата да ја доживеат на убав начин и да биде незаборавна. Болничките соби ги „украсивме“, ги ставија прстените, деверуши беа медицинските сестри, но темелот на сето ова е нивната безвременска љубовна приказна. Овој настан во нашата болница сигурно нема да го заборавиме, раскажале од болницата.

Ова е потресен потсетник на тоа дека за венчавање не треба ништо посебно ниту црковен збор ниту букети, тоа е спомен на трајната врска меѓу две лица и додава:

Сите вработени во болницата им посакаа среќа, а Јоана на Твитер сподели дека е многу среќна што била сведок на оваа организација.

Откако веста се раширила низ сите британски медиуми,  илајдници честитки пристигнувале до парот.

Извор и фото: BBC


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.