ММС

Објавено на: 02/8/21 10:20 AM

Ана Ивановиќ откри кое е најсилното оружје на Новак Ѓоковиќ

Славната српска тенисерка Ана Ивановиќ ретко ги коментира настаните во светскиот тенис во последните неколку години.

Ана реши да стави крај на својата професионална кариера пред нешто повеќе од четири години и од тој момент па наваму, се дистанцираше доста од „белиот спорт“.

Некогашната прва тенисерка во светот ретко се занимава со анализи на актуелните настани во тенисот кој ја направи славна и често не го изнесува своето мислење за поранешите колеги.

Меѓутоа, сега реши да прозбори и нејзните зборови привлекоа големо внимане на љубителите на „белиот спот“.

Ана за “Stats Perform” отворено зборува за најдориот тенисер на светот и нејзиниот другар од детство – Новак Ѓоковиќ.

– Новак е икона на Србија! Тој е сјајна личност. Мислам дека неговата харизма може да се види и на теренот, истакнала Ана.

Славната тенисерка смета дека најсилното оружје на Новак е неговата неверојатна ментална сила.

– Тоа како останува смирен и прибран за мене е нешто воодушевувачко. На него секогаш му е лесно во жешките места, во тешките и одлучувачки поени и во состојба е да одигра најдобро,и да остане смирен. Тоа е навистина посебно, рекла Ана.

За потсетување, Новак Ѓоковиќ денес го почнува својот поход за титулата на Австралија Опен.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.