ММС

Објавено на: 02/8/21 9:56 AM

(ВИДЕО) Eнергичен настап на The Weeknd на паузата на Супер Бол

Лејди Гага, Принс, Мајкл Џексон, Ролинг Стоунс, Џастин Тимберлејк, Фил Колинс, Енрике Иглесијас, Мадон; Брус Спрингстин. Историјата на најпопуларниот спортски настан во САД, кој во текот на годините стекна огромна популарност и на „стариот континент“, памети неверојатни поп и рок музички имиња кои оставиле свој печат перформирајќи на Супер Болот.

Канадскиот „Grammy award“ поп и R&B изведувач The Weeknd, во голема мера го оправда присуството во финалето на НФЛ помеѓу Тампа Беј и Канзас, пружајќи на публиката енергично и оригинално петнаесетминутно шоу на паузата помеѓу двете полувремиња.

Зарем можеше на подобар начин да се проследи седмата титула на Том Брејди во НФЛ лигата?

„Starboy“, „Тhe Hills“, „Can’t feel my face“ и останатите хитови на артистот со уникатен глас можете да ги погледнете и слушнете во продолжение:

 

 

 

Фото:

rollingstone.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.