ММС

Објавено на: 02/8/21 7:15 AM

Министерот Бектеши во дводневна посета на Турција

Делегација од Министерството за економија предводена од министерот Крешник Бектеши денеска и утре ќе биде во официјална посета на Република Турција.

Од Министерството за економија соопштија дека делегацијата, во чиј состав е и извршниот директор на „Национални енергетски ресурси” АД СкопјеБајрам Реџепи, ќе оствари средби со минстерката за трговија на Турција, Рухсар Пекчан и министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Фатих Донмез.

Во рамки на дводневната посета министерот ќе оствари и средба со претставници на Унијата на комори и берзи на Турција, Асоцијацијата на градежници на Турција и Бордот за надворешно економски односи на Турција, како и поединечни средби со стопанственици.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.