ММС

Објавено на: 02/7/21 9:09 PM

Танзанија – земја без корона и без вакцини

Танзанија е земја без корона, вели претседателот на државата, но според дописникот на „Би-Би-Си“ од таму, се повеќе луѓе умираат од мистериозна болест, па меѓу граѓаните владее страв дека постојат голем број непотврдени случаи и жртви на коронавирусот.

Претседателот на Танзанија Џон Магуфули во јуни ја прогласи Танзанија за земја без коронавирус. Тој, неговите блиски соработници и високи владини функционери се шегуваа за носењето заштитни маски, беа сомничави за тестирањата и им се потсмеваа на соседните држави што воведоа рестриктивни мерки.

Магуфули исто така кажа и дека не може со сигурност да се тврди дека вакцината нема да предизвика негативни последици по граѓаните и дека луѓето треба да се свртат кон природната медицина и редовна инхалација.

Своите сомнежи ги објаснил и сликовито: „ Доколку белиците успеаа да направат вакцина против коронавирусот, тогаш до сега можеле да направат и вакцини против сидата, ракот и останатите смртоносни болести“.

Од тамошното министерство за здравство тврдат дека луѓето кои се на респиратори, се болни од хипертензија, астма и останати белодробни заболувања.
Велат дека дури и да се појавил некој случај на коронавирус, за него се виновни оние кои патувале надвор па го „увезле“ назад.

Мерките кои ги препорачува министерството се усогласени со советите на претседателот.

– Треба само да се зголеми личната хигиена, миењето раце, да се јаде здраво и да се пијат многу течности. Маските редовно носете ги поради вас, а не поради коронавирусот, изјавила министерката за здравство.

извор:нова рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.