ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/23/18 11:24 AM

Прелиминарно распределени автобуски линии за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници

Министерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за 2018 година со која за меѓуопштински превоз на патници одобрени се 12 апликации, една е делумно одобрена, а 13 се одбиени. За меѓународен превоз на патници, пак, се одобрени 35 апликации, три се делумно одобрени, а 27 се одбиени.

Ресорното Министерство денеска соопшти дека биле поднесени 91 апликација  за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 26 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 65 апликации за меѓународен превоз на патници.

– Распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред, соопшти

Прелиминарните листи може да се најдат на веб страната на министерството за транспорт и врски на следниот линк: http://mtc.gov.mk/preliminarna-raspredelba-na-avtobuski-linii-za-2018-godina

 

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1