ММС

Објавено на: 02/7/21 8:37 PM

Косово ја поздравува пораката на претседателот на САД дека Србија треба да го признае Косово

Вршителот на должност на Косово, Вјоса Османи го пофали писмото на претседателот на САД, Џо Бајден, кое беше испратено по повод денот на државноста на Србија.

Османи вели дека признавањето на Косово е единствениот пат за конечно решавање на спорот меѓу Косово и Србија.

– Го поздравувам ставот на претседателот Бајден во врска со дијалогот меѓу Косово и Србија, Јасно е дека единствен исход од тоа е меѓусебно признавање, напиша Османи.

Премиерот Хоти писмото го оцени како гаранција за територијалниот интегритет на Косово.

– Територијалниот интегритет не се продава и за него не се преговара, ниту има мапи или ножеви. Нашите партнери ни гарантираа на четврти февруари во Овалната соба и денеска со писмото од претседателот Бајден, рече Хоти.

И лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Хардинај, му се заблагодари на Бајден за јасната позиција во дијалогот Косово – Србија.

Писмото како важен развој на настаните го оцени и в.д претседателот на Демократската партија на Косово и кандидатот за премиер, Енвер Хоџај и вели дека Западен Балкан може да напредува единствено преку решавање на сите спорови.

– Му благодарам на Бајден што уште еднаш повтори дека Косово и Србија мора да постигнат конечен договор за меѓусебно признавање, напиша Хоџај на твитер.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.