ММС

Објавено на: 02/7/21 7:57 PM

Папата Франциск именува жена за потсекретар во синодот

Папата Франциск денеска ја назначи французинката Натали Бекварт за потсекретар на бископскиот синод, тело на бискупи што подготвува големи состаноци кои се одржуваат на секои неколку години на различни теми поврзани со црковниот живот.

Претходно вчера папата ја именуваше италијанската судијка Катија Сумарија како прва жена промотор на правдата во Апелацискиот суд во Ватикан.

Со назначувањето на две жени на функции во Ватикан кои претходно ги држеа само мажи, на жените им се дава повеќе моќ во Светата Столица, објави „Ројтерс“.

Жените досега учествувале како набљудувачи и консултанти во минатите синоди, но сепак не можеле да глассаат за документи испратени до папата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.