ММС

Објавено на: 02/7/21 6:54 PM

По масовната вакцинација Израел ги ублажува рестриктивните мерки

Во Израел од денеска фризерниците, салоните за убавина и дел од продавниците повторно се отворени, а граѓаните ќе можат да се движат повеќе од еден километар од својот дом. Земјата во време на агресивна кампања за вакцинација, почна да ја ублажува третата блокада која беше воведена поради коронавирусот.

Во фирзерските и козметичките салони може да има едно лице кое ќе услужува еден клиент. Националните паркови и природните резервати се повторно отворени, но хотелите остануваат затворени. На рестораните пак, им е дозволено да работат само со храна за достава.

Во петокот израелската влада објави дека укинува некои од ограничувањата кои беа наметнати во декември, кога во земјата се зголеми бројот на заразени со коронавирус.

Иако продавниците формално не добиле дозвола да почнат со работа, многу мали продавници објавиле трансакции со луѓе што стојат надвор.

Од декември повеќе од 3,4 милиони од девет милиони жители се вакцинирани против коронавирус, што се смета за најбрзата кампања за вакцинација по глава на жител во светот.

Сепак и покрај вакцинацијата во Израел дневно се регистрираат 6.500 нови случаи на заразени, што е сепак помалку од околу 8.000 колку што имаше во средината на јануари.

извор: ртв.рс

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.