ММС

Објавено на: 02/7/21 5:14 PM

Бајден го честита Денот на државноста на Србија со порака да се признае Косово, Вучиќ му одговори дека такво нешто не е можно

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска го честита Денот на државноста на Србија со порака дека САД  и понатаму ќе ја поддржува Србија и постигнувањето на траен договор со Косово „кој ќе биде фокусиран на меѓусебно признавање”.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека ја добил честитката и му се заблагодари на Бајден, но потенцира дека такво нешто не е можно.

– Разбирам дека тоа е новата американска политика, имаше обиди овој термин да се наметне како нешто што требало да го прифатиме како крајно решение во Вашингтон. Јас веќе еднаш им кажав во лице во Белата куќа што мислам за меѓусебното признавање и мојот одговор нема да биде различен, изјави Вучиќ.

Според него не е пријатно бидејќи е јасно дека американската администрација оди во таа насока и ќе притиска за признавањето, но дека тој е доволно голем да не учествува во понижувањето на сопствениот народ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.