ММС

Објавено на: 02/6/21 9:57 PM

Нови пријави против Алексиќ: Ме злоупотребуваше уште во деведесеттите

Српските медиуми пренесуваат дека повеќе жени од различни европски држави, но и од Америка, се јавиле тврдејќи дека професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ (69) сексуално ги злоупотребил.

-Една државјанка на Србија се јави од САД. Таа своевремено ја посетувала школата на Алексиќ и имала многу трауматично искуство на сексуална злоупотреба. Не се занимава со глума, се посветила на друга професија и веќе со години живее во странство. Како што раскажа, Алексиќ ја малтретирал во средината на 90-те години – тврди извор за Блиц.рс.

Девојката веќе и’ дала изјава на полицијата преку Скајп и најверојатно ќе биде сведок во случајот. Обвинителството донесе одлука дека сите жени ќе може да дадат изјави по пат на видеоповик.

Многу поедноставно е, бидејќи не мора да патуваат и тоа ќе ја поедностави постапката, а од друга страна ќе ги поттикне сите евентуални жртви или сведоци – додава изворот за српските медиуми.

Голем број жени веќе се јавија истакнувајќи дека се жртви на Алексиќ, но повеќето се застарени случаи.

Тоа никако не треба да ги обесхрабри жртвите бидејќи сите оние што биле злоупотребувани може да сведочат и да помогнат да се разоткрие сето она што се случувало во школата десетици години наназад – објаснува изворот.

Алексиќ се товари дека од 2008. До 2020. година сексуално злоупотребил шест девојки кои тоа го пријавија во полиција, но постои сомнеж дека има и други вакви случаи.

Меѓу првите кои проговорија се актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ.

Извор:  24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.