ММС

Објавено на: 02/6/21 8:27 PM

Нада Обриќ по трети пат го победи канцерот: Погледите на внучињата нема да ги заборавам

Пејачката Нада Обриќ го победи ракот на бешиката, а сега откри дека завршила со сите терапии и дека се чувствува добро.

-Се вратив од Виена, ги направив сите контролни прегледи, се е во најдобар ред и поради тоа сум среќна и горда. По трети пат успеав да го победам канцерот. Добро сум, малку сум исцрпена, но штом сум дома се’ е подобро – изјави Нада за српските медиуми додавајќи дека е благодарна на своето семејство, кое било покрај неа додека била во болничка постела.

-Искрено да ви кажам, и првиот, и вториот, и третиот пат знаев дека ќе победам, иако беше критично. Сепак, во последните секунди се изборив. Не беше лесно, но психата е чудо! Јас тоа не знам на себе да си го објаснам. Ми рекоа дека ми останало малку време. Тоа пред мене всушнот не беше така кажано, но тоа се гледа во очите, во однесувањето. Кој сака да види, ќе види. Јасно ми беше се’ колку и  да криеја од мене. Одлучив дека ќе победам. Дали е тоа храброст или лудост не знам. Децата ми беа преплашени. Погледите на внучињата никогаш нема да ги заборавам, таа преплашеност во очите. Пораката што ми ја прати шеснаесетгодишната Наталија беше полна со надеж. Тогаш морав да се борам – изјави Нада.

 

Извор: alo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.