ММС

Објавено на: 02/6/21 7:32 PM

Во Чиле за три дена се вакцинираа над 550 илјади луѓе

Во Чиле во првите три дена од почетокот на вакцинацијата против коронавирусот, вакцинирани се 556 000 луѓе – соопшти денеска тамошното Министерство за здравство.

Владата и општините како места за вакцинација ги одредија стадионите, спортските центри и здравствените домови ширум целата земја, сакајќи да ја постигнат целта од пет милиони вакцинирани до крајот на март и 15 милиони до јули, од вкупно 18 милиони жители.

Медицинските работници во Чиле беа вакцинирани во декември, кога стигна првата тура од 154 000 дози од вакцината на Фајзер.

Извор: danas.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.