ММС

Објавено на: 02/6/21 6:07 PM

Разбиена е криминална група за продажба на дрога: Организаторите соработувале со полициски службеници

Полицијата вчера извршила претреси на 16 локации во Прилеп и лишила од слобода шест лица. При тоа,  одземени се три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин, мобилни телефони и други предмети.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР – Прилеп, по насоки на јавен обвинител од ОЈО – Прилеп, изминатиот период, од септември 2020 година, спроведуваа криминалистичка истрага за повеќе лица  инволвирани во недозволена продажба на хероин, кокаин, марихуана и амфетамин на подрачјето на Прилеп. Организаторите остварувале тесни врски и со полициски службеници, врз кои влијаеле да не преземаат службени дејствија, соопшти денеска на прес конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

„Во текот на истрагата се обезбедени докази за криминалната група при што лишени се од слобода 16 лица, а во текот на вчерашниот ден (05.02) извршени се претреси на 16 локации, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин, мобилни телефони и други предмети: П.А. (31), од кого се одзмени и возило „бмв5″, пари и мобилни телефони, Д.А. (32) од кого се одземени џип, пари и мобилен телефон, Ј.Џ. (41), В.Ј.(32), од кого е одземена дрога и мобилен телефон, Д.А. (35), од кого се одземени возило „бмв”, пари и мобилен телефон и Р.М. (34)”, соопшти Ангеловски.

Истрагата продолжува со цел утврдување на кривична одговорност и на полициските службеници, како и кон другите лица за кои постојат основи на сомневање дека се инволвирани во трговија со дрога.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.