ММС

Објавено на: 02/6/21 4:47 PM

Утре облачно време, но повторно натпросечни температури

Умерено до значително облачно со повеќе сончеви период во северните делови. Ваква е прогнозата од УХМР за времето кое не’ очекува утре во земјава.

Претпладне понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува умерен, а попладне особено долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе започнат врнежи од дожд.  Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени – додаваат метереолозите.

Во Скопје променливо облачно, попладне облачноста ќе се зголеми. Во утринските часови со услови за магла во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 13 степени.

Преку ноќта кон понеделник во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Во понеделник преку денот врнежите ќе се прошират насекаде и во западните делови ќе бидат повремено поројни. Во планинските региони наместа ќе ќе има појава на грмежи. Ќе дува умерен до силен јужен ветер (над 60 км/ч). Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне и ќе бидат пообилни на западот (над 20 л/24часа). Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината, а утринските ќе бидат позитивни.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.