ММС

Објавено на: 02/6/21 4:34 PM

Полицијата приведе маж чија сопруга го пријавила за семејно насилство

Тетовската полиција вчера го лишила од слобода дваесет и петгодишниот Б.О. од село Камењане. Тој е лишен од слобода откако претходно неговата триесетгодишна сопруга пријавила дека претходниот ден во вечерните часови била нападната од него. Поради повредите жената била однесена во Клиничкиот центар во Тетово.

Од МВР денеска соопштија дека по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.