ММС

Објавено на: 02/6/21 4:19 PM

Полицијата приведе угостител од Тетово во чиј објект биле затекнати околу 100 гости

Приведен е управител на угостителски објект во Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Непостапување според здравствените протоколи за време на епидемија” – соопштија попладнево од МВР.

Министерството за внатрешни работи информираше дека дека 25-годишниот Е.Х. е приведен вчера во 14:20 часот бидејќи во акциска контрола на полицијата и Пазарниот инспекторат во угостителскиот објект биле затекнати околу 100 гости.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.