ММС

Објавено на: 02/6/21 12:33 PM

Филипче: Во понедленик се потпишува договорот за кинеските вакцини, медицинарите први за вакцина

Владата на затворена седница синоќа го усвои договорот за набавка на вакцини од Кина, и го задолжи Министерството за здравство во понеделник да  го потпише договорот. Очекувањата се 200.000 кинески вакцини да пристигнат во најкраткок можен рок. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој даде детали за Националниот оперативен план за вакцинација, изработен од  Национална техничката група и тековно ќе се ажуира во зависност од стигнувањето на вакцините  и спроведувањето на вакцинацијата.

Со оглед на тоа дека овие 200.000 вакцини се за двете дози што се задолжителни, со кинеската вакцина ќе се вакцинираат првите 100.000 здравствени работници и други лица, кои се во првите редови на борба против ковид.

-Први се вакцинираат се најризичните од I/a група на здравствени работници,  кои работат во ковид центрите во клиничките болници, јавни и приватни установи, институции на стари лица, матични лекари и пресонал, лаборатории за тестирање и дијагноза. Во втора фаза, се опфаќаат лица постари од 65 години, потоа лица со коморбидитет над 18 години, вработените во Центрите за јавно здравје, фармацевти, стоматолози, новинари и други групи со ризик, како вработни во прехрана, банки, земјоделие, образование, објасни министерот Филипче.

Лица со хроничните болести над 65 години се според листата на светските болници и точно е утврден нивниот број од 170.000. Определени се пунктовите и местата за вакицина.

Здравствените работници од Клиничкиот центар ќе се вакцинираат  на еден пукт, вклучувајќи ги  останатите од тимовите за ковид центри. Останатите здравствени работници ќе бидат вакцинирани во клиниката Букуреш. Во другите градови ќе се вакцинираат во вакциналните пунктови.

Направен е детален план за транспорт на вакцините од аеродром до центрите во Скопје и понатаму во сите пунктови во државата.

-Определени се ладните соби каде ќе се чуваат, кои имаат капацитет, како и возила за чување и дистрибуција. Со тоа системот е подготвен да ги преземат и складираат вакцините,  објасни Филипче.

На дневно ниво ќе се вакцинираат од 2000-2500 граѓани во две смени, има претходно наполнет инјекциски шприц, и се предвидува по десет минути за секој што се вакцинира. Вакцинираните е добијат соодветен сертификат.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.